Филе: Црна Гора има најголем напредок во процесот на пристапување кон ЕУ

Од:

Црна Гора го зазема водечкото место во процесот на пристапување кон Европската унија на Западен Балкан, оцени еврокомесарот во заминување Штефан Филе, кој од 2010 година раководи со ресорот за проширување на ЕУ и ја следи Црна Гора на нејзиниот европски пат.

– Напредокот на Црна Гора е за пофалба, посочи Филе додавајќи оти земјата во 2010 година доби кандидатски статус, а две години подоцна затворила дури 12 поглавија, од кои две веќе се привремено затворени.

Тој истакна и дека Црна Гора во 2013 година усвоила значителни уставни реформи, кои сега ги применува во пракса.

– Клучен предизвик е да им се обезбеди на граѓаните да ги почувствуваат конкретните резултати од промените, бидејќи ја заслужуваат можноста да се потпрат на брзото, ефикасно и непристрасно судство и заслужуваат да живеат и работат во опкружување без корупција, наведува Филе.

Би можело да ве интересира

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора