Филе: Црна Гора да се избори со криминалот

Од:

Комесарот за проширување Штефан Филе рече дека Црна Гора има уште многу работа на патот кон ЕУ, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Црна Гора постигна многу. Сепак и претстои уште многу работа, а пристапните преговори нема да бидат лесни. Ќе бидат потребни повеќе кокретни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Филе.

Тој наведе дека е неопходно преку уставните реформи дополнително да се зајакне независноста на црногорското судство.

„Тоа се прашања кои се до таа мера важни за Црна Гора и ЕУ, што ќе се наоѓаат во фокусот на преговарачкиот процес од почетокот до самиот крај, затоа што е неопходно да се овозможи доволно време за реформите да бидат видливи“, истакна Филе.

Според него, новото раководство на Црна Гора, по претстоечките избори, мора да го задржи нивото во реформите.

Тој порача дека Европската комисија ќе ја поддржи Црна Гора во нејзиниот пат кон ЕУ, кој е, како што оцени, долг и предизвикувачки, но вреден за трудот.

„Останете одлучни. Членството во ЕУ е пред вас“, заклучи Филе.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора