Филе: Членството во ЕУ треба да им биде цел на Србите од Косово

Од:

Eвропскиот комесар за проширување Штефан Филе во Луксембург изјави дека со договорот помеѓу владите на Србија и Косово е обезбедена примената на косовската власт, но и дека е договорено да се признаат и интересите и првата на косовските Срби.

Тој наведе дека Србите од Косово треба да си дадат време и да го расправат тоа меѓусебно , со своите партнери од Србија, но и со соговорниците од Косово.

– Она што е предложено е во рамнотежа и обезбедува примена на косовската власт на целата територија, но договорот исто така посебно нагласи да се води сметка за интересите и правата на српското малцинство на на целата територија на Косово и Метохија – нагласи Филе.

Комесарот повика тоа да се согледа во пошироки рамки, бидејќи преговорите за договорот се водени со посредство на ЕУ, важен корак за приближување на Србија и Косово кон ЕУ, а тоа е целта која сакаат да ја постигнат граѓаните на Србија и Косово и да станат дел од Европската Унија.

-Во рамките на тој процес и членството во ЕУ, нивните права и интереси ќе бидат потполно загарантирани – заклучи евро комесарот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани