Фејсбук затвора страници на курдски политичари во Турција

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук призна дека забранува страници на курдски политичари или групи во кои како штио се тврди, има влијание нелегалната Курдска работничка партија, објави Хуриет.


Директорот на Фејсбук за политика на социјалната мрежа во Европа, Ричард Алан изјави дека на корисниците им е забрането да користат и поставуваат лого на органзиации кои се нелегални за ЕУ и САД, меѓу нив и ПКК.


Над 10 страници повеќето на курдски политичари беа затворени од 6 до 12 август од Фејсбук. Вчера беше затворена страницата и на заменик-претседателот на прокурдската Партија за мир и демократија Хасип Калпан кој вели дека тој потег на ФБ е скандалозен и најави тужба против социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски