ФБИ ќе го истражува авторството на кибернападите врз е-Албанија

Од:

Група на ФБИ престојува во Тирана за да ги поддржи истрагите за откривање на авторството на кибернападите врз онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, потврди Белинда Балоку, вицепремиерката и министерката за инфраструктура и енергетика.

-Овој беше масивен напад и не беше извршен од тинејџери аматери, како што обично помислуваме на хакери. Станува збор за добро организиран напад врз албанската држава и нејзините структури. Сепак, проблемот беше надминат со одличната работа направена од вработените во Агенцијата за информатичко општество и секако со поддршка од нашите партнери, бидејќи имаше важен ангажман на партнери, без разлика дали се американски или европски. Посебно имаме распоредување на група на ФБИ во Тирана за да го следи целиот процес, рече таа.

Додаде дека треба да има длабока и темелна истрага за овие кибернапади, бидејќи „денес повеќе од кога било војната се одвива во енергетиката и во киберосферата“.

Балуку подвлече дека тоа се феномени на технолошкиот развој на светот и мора земјата да го зајакнеме целото обезбедување на услуги по електронски пат за да се спречат други напади во иднина.

-Оваа темелна и длабока истрага, што ја прават ФБИ и другите разузнавачки агенции, ќе ни ги даде сите податоци, како се случил нападот, од каде дошол, иако дел од нив се веќе откриени.Ова е нешто што секој треба да го знае, дека кибернападите се постојани и како што кажав во овој случај зборуваме за масовен професионален напад врз Република Албанија, но со помош на нашите сојузници успеавме и ќе продолжиме да го правиме истото, нагласи Балоку.

Зад кибернападите врз е-Албанија, што се случија во средината на јули и три недели системот го остави вон функција, како што деновиве објави „Мандиант“ водечка американска компанија, која се занимава со прашања од областа на кибер безбедноста, стојат проирански хакери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност