ФАЗ: Формирана тајна прговарачка група со учество на Ципрас, Лагард, Јункер и Драги

Од:

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) објави дека е формирана нова преговарачка група, наречена „Франкфуртска група за работни вечери“, која е создадена пред четири недели во Франкфурт среде една вечера.

Во групата учествуваат соработници на Марио Драги, Жан Клод Јункер, Кристин Лагард и Алексис Ципрас. Средбата довела до мини самитот во Брисел кон средината на минатиот месец. Нејзината цел е да ги координира активностите на техничките екипи, со цел да може да продолжи преговарачкиот процес во Грција.

Оттогаш „Франкфуртската група“ заседавала три до четири пати неделно, остварувајќи ја комуникацијата преку телефон, преку телеконференциска врска или со лични средби.

Според германскиот весник, новата преговарачка група имала состанок и минатата недела. Нејзините консултации биле тајни, но влијанието било почувствувано уште минатата недела, кога грчкиот премиер дал уверување дека неговата земја ќе ги почитува ветувањата дадени на ММФ, а неколку дена подоцна грчкото Министерство за финансии ги примило парите од траншата на Фондот.

Според весникот оваа преговарачка група разгледува различни опции, за да биде пронајден компромис во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори, кои се водат во моментов.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески