Фајон: Напредок на патот кон ЕУ во сите земји од регионот, освен во БиХ

Од:

Државите од регионот на Западен Балкан во изминатиов период направија решителни чекори на патот кон ЕУ, смета известувачот на Европскиот парламент за визната либерализација, словенечката европратеничка Тања Фајон.

– Минатата година имаше многу позитивни движења во земјите опфатени со процесот на проширување. Освен оние што се однесуваат на Хрватска, Црна Гора и Србија, позитивни резултаи се постигнати и во Македонија, каде дијалогот на високо ниво со властите во Скопје доведе до поостар фокус на реформите. Дијалогот меѓу Владата и опозицијата во Албанија доведе до крај на политичката блокада, а усвојување на изборните и парламентарните реформи во голема би го надградило овој напредок, наведува Фајон во својата колумна на босанскиот портал „Европски едукативен центар“.

Фајон натаму во текстот констатира дека од сите земји во регионот само во БиХ нема напредок, а земјата се уште не ни поднела апликација за членство во ЕУ, за што, според неа, одговорност сносат политичарите. Граѓаните на БиХ заслужуваат кредибилна политика, која државата ќе ја води на патот на реформите кон интеграција во ЕУ, оценува Фајон.

Според неа, доколку ги исполни условите што се поставени пред неа, БиХ би можела „до крајот на првата половина на 2013 година да поднесе кредибилна апликација за членство во ЕУ“. – За БиХ 2012 беше изгубена година и сега е време да се направи чекор напред, чекор кој БиХ неповратно ќе ја однесе на европскиот пат, смета Фајон.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он