Евростат: Над половина од младите Бугари живеат во лоши услови

Од:

Приближно 58 отсто од бугарските граѓани помлади од 30 години, живеат во неповолни услови за живеење, се наведува во анализа на Евростат за квалитетот на животните услови во земјите на Европската Унија за минатата година.

Според податоците за бугарските граѓани, како што јави БТА, од вкупно 7,2 милиони лица, 1,2 милиони се на возраст од 15 до 29 години. Во однос на живеалиштата, од 3,9 милиони домаќинства, 350.000 се еднособни, 1,2 милиони двособни, 1,3 милиони трисобни, а оние со четири или повеќе простории, се вкупно околу еден милион.

Со пренаселеност и недостиг на површина се соочуваат и над 50 отсто од младите во Романија, Унгарија, Полска, Хрватска, Словачка и Летонија.

Анализата на Евростат вели и дека минатата година во ЕУ имало околу 90 милиони лица на возраст од 15 до 29 години или 17,7 отсто од вкупното население на земјите од блокот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори