Европскиот парламент на есен ќе бира нови известители за Западен Балкан

Од:

Во текот на есента ќе бидат избрани известители од новиот состав на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, соопшти досегашниот известител за Србија, Дејвид Мекалистер.

Тој соопшти дека по евроизборите Надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент доби многу членови, а заминуваат едни од најискусниот, кога станува збор за државите од Западен Балкан, како што се Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Чарлс Танок и Иво Вајгл.

На досегашниот известител за Северна Македонија, Иво Вајгл, мандатот му завршува на 1 јули.

– Ова ќе биде нова генерација европски парламентарци и се надевам дека ќе пронајдеме колеги од сите членки на ЕУ кои се заинтересирани за Западен Балкан, истакна Мекалистер.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ