Европска програма за интегрирање на Ромите ќе биде претставена во Романија

Од:

Нова програма за подобрување на пристапот до живеалишта, образование и работни места за Ромите, ќе биде претставена утре во Романија, пишува весникот „Романија либера“, повикувајќи се на коминике на Советот на Европа.

Програмата РОМАKТ (ROMACT) ќе дејствува една година во Унгарија, Бугарија, Романија, Италија и Словачка. Таа ќе биде насочена врз капацитетот и политичката волја на локалните и регионалните власти да развиваат и применуваат стратегии и политики за социјално вклучување на Ромите, се посочува во соопштение на Советот на Европа.

РОМАЦТ е заедничка иницијатива на Советот на Европа, Европската комисија и европските градови и региони.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија