Европа научи многу од „потстрижувањето“ на грчкиот долг

Од:

Размената на обврзници и потоа повторното отплаќање на грчкиот долг во 2012 година, беа значајни моменти во времето на европската должничка криза.

Тоа беше најголемото преструктуирање на долгот во историјата на грешките на државите, и првото извршено во рамките на еврозоната.

Заради фактот што од историска гледна точка беше постигнато невидено преструктуирање на долгот, што беше еднакво на 66 проценти од БДП, тоа беше „многу мало и се случи многу доцна“ за да се задржи одржливоста на грчкиот долг.

Историското значење на тој факт произлегува не само од неговите невидени размери, туку и од моментот во кој беше направено преструктирањето на тој долг, затоа што се создаде опасност „должничкиот вирус“ да зарази и други држави од периферијата на еврозоната.

Обидот за преструктуирање на грчкиот долг покажа дека е тоа можно за еден таков валутен сојуз како што е еврозоната. За управувањето со долгот всушност беа потребни заштитни механизми и помошни институции за да може тоа преструктуирање да протече нормално и без големи последици од евентуалното проширување на „должничкиот вирус“.
За таа цел беа зголемени финансиските ресурси во Европскиот механизам за стабилност, а купувањето на обврзници без преседан од Европската централна банка дозволи истовремено да бидат парирани евентуални „должнички инциденти“, и го ограничи проширувањето на дотичниот вирус.

Во моментов, постојат институции и процедури за управување со кризи, но грчкотот искуство можеби се покажа како уникатно што се однесува на тоа што тој создаде многу сериозни претпоставки за воведување на уште построг надзор, и за подршка на механизмите со неопходните ресурси при спасување на кредитните банки.

Од една страна, преструктуирањето на грчкиот долг делуваше стимулирачки затоа што за целта беше обезбедено учеството на инвеститорите во преговорите, а од друга страна беше ограничен ризикот средствата од ММФ кои беа предвидени за опслужување на долгот да отидат само за спасување на приватните инвестиции.

Во процесот на реализација се и предлозите за создавање на еден форум – институционален орган кој пред се ќе се занимава со непрестано актуелизирање и подобрување на процедурите поврзани со решавањето на проблемите со долговите.

Односниот орган ќе има за задача и да води превентивни дискусии меѓу должниците и кредиторите, со цел да бидат избегнати евентуални должнички кризи. Од своја страна, приватните кредитори кои се претставувани од Институтот за меѓународни финансии, се убедени дека добронамерните преговори се најефикасниот инструмент за остварување на договореното пред преструктуирањето на долгот. Тоа полноважно се однесува и на сложниот соживот на должниците и членовите во еден валутен сојуз.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески