Евреите бараат Грција да ја забрани Златна зора

Од:

Претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер ги повика грчките власти да ги забранат активностите на неофашистичката партија Златна Зора.

Во својот говор во синагога во Солун, на комеморација во чест на жртвите на Холокаустот, Лаудер го повика грчкиот Парламент да ја прогласи за незаконска партијата Златна зора.

– Денес, иако имаме мир, не е се мирно. Евреите имаат причина да се загрижени. Не поради можно истребување, туку поради екстремизам и фанатична идеологија, идеологија која пред 70 години донесе уништување. Мислам на Златна зора, изјави Лаудер.

Според него, Грција „каде демократијата постои со векови, може да биде пример и да забрани нешто како Златна зора“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески