ЕУЛЕКС покрена обвинение против косовскиот новинар Милаим Зека

Од:

Обвинителството на ЕУЛЕКС, во рамките на „Досието Дреница“ покрена обвинение против новинарот Милаим Зека и биснизменот Рустем Руколи.

Новинарот е  обвинет за повреда на тајноста на постапката, додека бизнисменот  за обид за попречување на официјална процедура.

Меѓународниот обвинител обвинението го доставил до судот во Косовска Митровица. Новинарот Зека, во неговата емисија која се емитува на косовската телвизија објавил интервју со сведок во случајот Дреница.

Во врска со покренатото обвинение тој изјавил дека целта на ЕУЛЕКС е да ги заплаши новинарите.

Специјалното обвинителство на Косово, на почетокот на ноември минатата година, во Основниот суд во Косовска Митровица, покрена обвинение против 15 лица, членови на „Групата од Дреница“, обвинети за воени злосторства врз цивилно население, апсење, малтретирање и нечовечко однесување врз лица, извршени во центар на ОВК во Ликовац, во близина на Србица, во 1998 година.

Меѓу обвинетите е Сулејман Селими, поранешен Командант на Генерал штабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султани“ (Султан). Селими по косовската војна беше Командант на безбедносните сили на Косово, додека во 2012 година Хашим Тачи го именува за прв косовски амбасадор во Албанија. Иако во притвор е веќе една година се уште официјално е на истата функција и ја добива месечната амбасадорска плата. Меѓу обвинетите е и претседателот на општина Србица, Сами Љуштаку.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане