Еулекс нуди награда за информација за убиецот на припадникот на мисијата во минатата недела

Од:

Мисијата на Европската унија во Косово понуди награда од 27.500 евра за информација која може да води кон апсење на осомниченото лице кое уби припадник на Еулекс во минатата недела.

– Упатувам личен повик до секој кој видел нешто, да го каже. Ако сте виделе нешто невообичаено, без разлика дали е малку, Ве молам да не информирате за тоа, изјави Ендрју Карни, главен обвинител на Еулекс на прес конференција во Косовска Митровица.

На 19 септември во напад врз патролни возила на Еулекс во Северно Косово беше убиен Литванецот Аудриус Шенавичјус, припадник на Еулекс. Истрага ја вршат Еулекс и косовската полиција и тие заеднички ја понудија наградата.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски