ЕУЛЕКС ќе отпушти 800 вработени

Од:

Косовските медиуми јавија денеска дека  до крајот на оваа година мисијата на ЕУ во Косово – ЕУЛЕКС, ќе го намали бројот на вработени за 800 лица. 

Одлуката за намалување на бројот на вработени уследи по продолжението на мандатот на Мисијата до јуни 2018 година, која предвидува процес на реконфигурација. 

Портпаролката на ЕУ за надворешна политика и безбедност Маја Коцијанчич изјави дека Мисијата планира реконфигурацијата да ја спроведе до крајот на годинава. 

– ЕУЛЕКС ќе има вкупно 800 вработени, што е за половина помалку од бројот на лица кои беа ангажирани во претходниот мандат, изјави Коцијанчич и додаде дека отпуштањето се однесува за луѓе од Косово и од странство.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски