ЕУЛЕКС ќе биде преструктуиран, но нема да си замине од Косово

Од:

Високи претставници на Европската унија изјавија дека и покрај економските потешкотии во ЕУ, таа планира мисијата ЕУЛЕКС на Косово да продолжи да функционира и по истекување на нејзиниот мандат во јуни следната година, пишува приштинскиот весник „Трибуна“. 


– Ќе има промени, но не и затворање на мисијата, изјави за весникот европски претставник, кој прецизираше дека мисијата ќе биде преструктуирана, а нејзиниот состав ќе биде намален. 


Според изворите на „Трибуна“ од сегашниот состав на ЕУЛЕКС ќе се оддели како сомостоен оддел тимот на обвинители и иследници, кои ги истражуваат тврдењата за трговија со човечки органи, изнесени во извештајот на пратеникот на Советот на Европа Дик Марти. Засега се уште не е јасно дали тој тим ќе се занимава само со тој случај или ќе се претвори во еден вид на суд за воени злосторства, извршувани на територијата на Косово. 


Останатиот персонал на мисијата ќе биде поделен на три оддели. Едниот ќе биде задолжен за борбата против корупцијата и организираниот кримина и ќе работи независно по моделот на специјалните служби за борба против мафијата во некои западни земји. Вториот оддел ќе има улога на набљудувач и советник на косовските институции, а третиот ќе се фокусира на северно Косово и имплементирањето на спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. 


Косовскиот вицепремиер и министер за правда Хајредин Кучи потврди за весникот дека се подготвува преструктуирање на мисијата на ЕУ во Косово и додаде дека веќе имало две средби на таа тема, една во Брисел, а друга во Приштина.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски