ЕУЛЕКС: Безбедносните мерки за изборите во Косово се внимателно испланирани

Од:

Безбедносните мерки за парламентарните избори во Косово, кои се одржуваат во недела, се внимателно испланирани и ќе бидат координирани меѓу косовската полиција, ЕУЛЕКС, КФОР и ОБСЕ, соопшти денеска мисијата на ЕУ во Косово.

„ЕУЛЕКС и КФОР се подготвени да ја поддржат косовската полиција и веднаш да интервенираат доколку на кој било начин изборниот процес биде доведен под закана, или доколку биде загрозена безбедноста на луѓето на избирачките места, членовите на комисиите, помагачите или набљудувачите на изборите“, се истакнува во соопштението.

ЕУЛЕКС наведува дека безбедносните мерки имаат за цел да им го гарантираат на луѓето правото на глас и за процесот на гласање да биде спроведен на мирен и уреден начин.

Косовската полиција, како прва инстанца за реакција, ќе биде присутна пред бирачките места и другите клучни области, со видлива поддршка од ЕУЛЕКС, како втора инстанца за реагирање, и КФОР како трета инстанца.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски