ЕУ: Шверцот во Грција е доходовен бизнис

Од:

Организираниот криминал во Европската унија генерира околу 110 милијарди евра годишно или околу еден отсто од вкупниот БДП, објави Катимерини повикувајќи се на извештај на ЕК.

Во Грција организираниот криминал е „вреден“ околу 3,6 милијарди евра или 1,6 отсто од БДП. Тие цифри се значително поголеми во споредба со Хрватска (0,3 отсто БДП), но и значително помали од Латвија (2,8 отсто БДП).

Во ЕУ шверцот на дрога им носи на криминалците 27,7 милијарди евра приходи. Шверцот со дрога е вносен бизнис и во Грција каде приходите од хероин се околу 54 милиони евра годишно и од кокаин – 16 милиони евра.

Шверцот на цигари е друг доходовен бизнис во Грција – 455 милиони евра.

Во извештајот се додава дека загубите на ДДВ од шверцот во Грција се околу 1,5 милијарди евра годишно, а бизнисот со фалш-стоки носи други 1,5 милијарди евра во година.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески