ЕУ одобри помош на Бугарија за справување со штетите од поплавите

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека на Бугарија и одобрила 10,5 милиони евра помош за справување со последиците од овогодишните полави.

Како што јави БТА, во соопштението се истакнува дека Бугарија од поплавите претрпела штетите од дури над 311 милиони евра.

Доделените средстава од ЕУ се наменети за покривање на штетите и за обнова на инфраструктурата.

Еврокомесарот за регионална политика Јохансен Хан оцени дека помошта треба да стигне што поскоро и изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ за брзо време ќе ја потврдат денешната одлука на Еврокомисијата.

Тој појасни дека одлуката за помошта треба дополнително да биде одобрена од Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори