ЕУ очекува од Албанија одговорен однос во врска со преземените обврски

Од:

Компромис и конструктивен дијалог е пораката на ЕУ до Албанија, изјави во Брисел претставник на Европската комисија.

– Очигледно е дека секое дејствие на Албанија во моментот ја формира претставата за неа во странство, рече претставникот на Комисијата, додавајќи дека ЕУ одблизу ја следи земјата од јуни досега и очекува ист одговорен однос во врска со преземените обврски и дадените ветувања.

Албанија се наоѓа во режим на присоединување кон ЕУ од јуни, но напнатоста во Парламентот меѓу Владата на премиерот Еди Рама и опозицијата ја попречува работата на европските институции, кои требаше да решат дали земјата ги исполнува условите, за да може консултациите со неа да преминат на друга етапа.

Обновувањето на политичкиот дијалог и независноста на судството се главни критериуми за присоединување на Албанија кон ЕУ, рече претставник на Комисијата, пренесе БТА.

Тој појасни дека не се очекува никаква промена во условите за членство на Албанија од страна на новата ЕК, која ја презема функцијата од 1 ноември под претседателство на Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина