ЕУ ќе се занимава со аферата за партиско вработување во Црна Гора

Од:

Институциите на Европската унија според најавите од Брисел ќе се занимаваат со аферата за вработување, врз партиска основа во Црна Гора.

Некои медиуми пренесоа дека тоа прашање во Европскиот парламент ќе го покрене пратеничката група Европска слободна алијанса на зелени, откако неодамна обелодени видеото за расправа на седниците на владеачката Демократска партија на социјалисти, за вработување на партиски членови.

Невладините организации во Црна Гора ја критикуваа оценката на врховното државно обвинителство, дека во споменатата расправа нема елементи за кривично дело, а има барање против главниот актер во расправите, пратеникот Зоран Јелиќ да започне судска постапка.

Јелиќ кој е поранешен директор на Државниот завод за вработување изјави дека не се чувствува одговорен поради учеството во расправите на сединиците.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора