ЕУ ќе потпише договорот за асоцијација со Косово на 27 октомври

Од:

Советот на ЕУ ја одобри денеска Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово, јави Танјуг, повикувајќи се на приштински медиуми.

Договорот ќе биде потпишан на 27 октомври во Стразбур.

Косовскиот министер за европска интеграција Беким Чолаку оцени дека одобрувањето на договорот е историски момент за Косово и отвора нова страница во процесот на европска интеграција на земјата.

Во јули 2014 година Косово ги заврши преговорите со ЕУ по Договорот за стабилизација и асоцијација, како прв чекор на патот кон евентуално членство во Унијата, но документот од своја страна носи и економска корист.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски