ЕУ им доделува помош од околу 47 милиони евра на Хрватска, Словенија, Италија и Грција

Од:

Европската унија денеска соопшти за пакет помош вреден околу 47 милиони евра за поддршка на Хрватска, Словенија, Италија и Грција по серијата природни катастрофи во одделни региони во тие држави кон крајот на 2013 година и на почетокот на 2014 година.

Хрватска беше погодена од ледени бури во почетокот на годината и тоа најмногу во Горски Котар, а од Европскиот фонд за солидарност ќе добие 8,6 милиони евра, додека за Словенија се наменети 18,4 милиони евра.

Италија поради поплавите во Сардинија ќе добие 16,3 милиони евра, а Грција за штетите од земјотресот во Кефалонија ќе добие 3,4 милиони евра.

– Европскиот фонд за солидарност им олеснува на тие држави да застанат на нозе и да ја вратат стабилност загрозена од штетите во економските сектори. Со предложениот износ ќе се овозможи Италија, Грција, Словенија и Хрватска да се закрепнат од катастрофите и да ги надоместат трошоците за спасување во погодените подрачја, истакна европскиот комесар за регионална политика Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски