ЕУ и Косово следната недела ќе потпишат Договор за стабилизација и асоцијација

Од:

Европската унија и Косово се очекува следната недела да потпишат Договор за стабилизација и асоцијација, со што ќе се отвори патот за приклучување на Косово кон Унијата, соопштија официјални извори во Брисел.

Тој чекор може да предизвика реакција на некои од членките на ЕУ, како Шпанија, Кипар, Романија, Грција и Словачка, кои не го признаа Косово, по неговото отцепување од Србија во 2008 година.

Во јули 2014 година Косово ги заврши преговорите со ЕУ по Договорот за стабилизација и асоцијација, како прв чекор на патот кон евентуално членство во Унијата, но документот од своја страна носи и економска корист.

Како што јави БТА, два извори, кои се запознати со ова прашање, изјавиле дека следната недела високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе ја потпишат Спогодбата.

Според нив, Договорот ќе стапи во сила следната година.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски