Ештон: Северот на Косово тема на состанокот на 17 јануари

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и претседателот на косовската Влада Хашим Тачи на состанокот на 17 јанаури ќе разговараат за северот во Косово.

Во интервју за Коха диторе, Ештон рече дека на тој прв состанок во Брисел во 2013 година ќе разговараат за напредокот кој е остварен во примена на досегашните договори особено договорт за интегрирано управување со премините.

Таа додава дека поделба на Косово не е опција. Не дава коментар за можноста Рамуш Харадинај да биде премиер на Косово и за можното влијание на такво решение врз понатамошниот тек на разговорите.

– Се што очекувам од Приштина и Белград е да останат цврсто определени за дијалог, оценува Ештон.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ