Ештон се сретна со Јахјага и Тачи

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се сретна денеска во Приштина со косовскиот претседател Атифете Јахјага, а потоа и со премиерот Хашим Тачи.

Како што јави Танјуг, по средбата Ештон-Јахјага немаше изјави за медиумите, а изјави не беа најавени ниту по средбата со Тачи.

Инаку, Ештон е во Приштина еден ден пред продолжување на разгледувањето на Законот за амнестија во косовскиот Парламент  а меѓународните претставници на Косово побараа денеска тој закон во Собранието да се усвои по итна процедура.

Ештон во посета на Приштина доаѓа два дена откако премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел имаа состанок во рамки на разговорите за нормализација на односите меѓу двете земји, и ден по посетата на Белград, каде го поздрави напредокот постигнат во разговорите со Приштина.

Ештон во Белград рече дека била задоволна кога на членките на ЕУ им го претставувала напредокот, како и тоа што можела да каже дека постојат конкретни резултати во примена на бриселскиот договор.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски