Ештон денеска во Приштина

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска ќе ја посети Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи и претседателката Атифете Јахјага.

Таа во Приштина ќе допатува од Белград, каде вчера разговараше со српскиот државен врв околу постигнатите договори во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, како и за напредокот на Србија во евроинтеграциите.

Посетите на Белград и Приштина од страна на шефицата на европската дипломатија следат по 13-та рунда преговори во Брисел меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, во кои, според нив, дошло до напредок по прашањата за телекомуникации и електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски