Ештон: Црна Гора е пример во регионот

Од:

Црна Гора е пример во регионот и кога станува збор за европските интеграции, а борбата против криминалот и корупцијата и понатаму треба да бидат врвни приоритети на државата, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Таа по средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ истакна дека не случајно ја избрала Црна Гора како прва држава што ќе ја посети на нејзината балканска турнеја.

– Сакам прогресот на Црна Гора во европските интеграции да биде стабилен, а на тој план е многу важно борбата против организираниот криминал и корупцијатра да бидат приоритет, посочи Ештон.
Таа осврнувајќи се на црногорските претседателски избори ги повика сите страни да бидат конструктивни за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора