Ердоган: Турција нема да отстапи од борбата против тероризмот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да отстапи од борбата против тероризмот, откако беа преземени воздушни напади врз Исламска држава во северна Сирија и курдски бунтовнички кампови во северен Ирак.

– Нема да бидат направени чекори назад во нашата борба против тероризмот, тоа е процес и тој ќе продолжи со истата одлучност, истакна Ердоган пред да отпатува во официјална посета на Пекинг.

Тој посочи дека на денешната вонредна седница на НАТО, на барање на Турција, Алијансата ќе ја објави својата подготвеност да преземе неопходни мерки. Ердоган не наведе повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски