Ердоган: Турција ќе биде присутна во БиХ ако тоа го сакаат Бошњаците, Србите и Хрватите

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да биде присутна како посредник во БиХ, доколку тоа го сакаат Бошњаците, Србите и Хрватите, односно ако се согласи тричленото претседателство на БиХ.

На прашањето каква улога ќе има Турција во БиХ, по враќањето од посетите во Црна Гора и БиХ, Ердоган на новинарите во Истанбул им рече дека „Турција ќе биде присутна доколку Бошњаците, Србите и Хрватите во БиХ се обединат и сметаат дека треба да и дадат таква задача на Турција“.

Како што јави Н1 БиХ, турскиот претседател истакна дека членовите на Претседателството на БиХ треба да одлучат за тоа.

– Јас веќе им реков. Ако донесете таква одлука, ние исто така ќе ги направиме нашите проценки. Донесете ја оваа одлука како тројка, не чекајќи инструкции од некаде, нагласи Ердоган.

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за време на посетата на Ердоган рече дека ситуацијата во БиХ може да се реши со посредство на претседателите на Турција, Србија и Хрватска, Реџеп Тајип Ердоган, Александар Вучиќ и Зоран Милановиќ, кои би можеле да придонесат за одржување на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица