Ердоган: Турција активно ќе се бори со тврдењата за ерменскиот геноцид

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека активно ќе се спротивстави на секаков вид кампања, која има за цел признавање од страна на Турција дека масовното убивање на Ерменци за време на Отоманската империја во 1915 година е всушност геноцид.

– Министерството за надворешни работи и соодветните институции активно ќе се борат со тие тврдења, истакна Ердоган во обраќањето вчера на годишната прес-конференција во Анкара пред турските амбасадори во странство.

Една од седниците на конференцијата е посветена токму на донесување стратегија за борба против напорите на Ерменија и на ерменската дијаспора, насочени кон тоа Анкара да признае дека постои ерменски геноцид.

Според Ерменија во периодот од 1915-1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци во Отоманската империја. Турција тврди дека бројот на жртвите е меѓу 250 илјади и 500 илјади и категорично ја отфрла идејата за постоење на геноцид.

Турција и Ерменија, кои немаат дипломатски односи, потпишаа во 2009 година протоколи, познати како протоколите од Цирих, кои имаат за цел нормализирање на одосите, но пет години подоцна тие документи се уште не се одобрени од парламентите на двете земји.

Ерменија на 24 април ја одбележува стогодишнината од геноцидот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски