Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Од:

|Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на голема ревизија на Обединетите нации.

„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, рече Ердоган во Обраќање на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Ердоган го осуди системот на пет постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие земји можат самостојно да стават вето на важни одлуки, велејќи: „Светот е поголем од петте“.

„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој. Тој нагласи дека во Газа не се тестирани само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и на ОН. Тој смета дека чувството на вина за холокаустот ги принудило западните земји да се воздржат од критикување на Израел, кој „врши геноцид во Газа повеќе од една година“.

„Можеме ли да кажеме „тоа не нè засега“, пред израелската агресија која ги загрозува не само нејзините граѓани, туку и сите што живеат во регионот. Кога има мир, кога можеме да живееме заедно во мир, зошто крв , конфликти, војна. Ако не дејствуваме денес, кога ќе дејствуваме, праша тој.

Тој изрази надеж дека примирјето меѓу Израел и Хезболах ќе остане трајно, но нагласи дека итно е потребен прекин на огнот во Газа.

„Итното воспоставување на одржлив прекин на огнот во Газа е неопходно пред човештвото да изгуби уште повеќе од своите вредности. Подготвени сме да сториме се за да го запреме геноцидот во Газа и да ја отвориме вратата за траен мир“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе