Ердоган се закани: Доколку биде нападнат турскиот брод во Средоземното море, противникот ќе плати скапо

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган изјави дека секој напад на турски брод кој истражува нафта и гас во Средоземното море ќе резултира со „плаќање висока цена“.

Бродот „Оруч Реис“ кој беше проследен со воена флота во понеделникот, заплови во близина на Крит и Кипар, претходно истиот навлезе во грчката територија и предизвика револт кај властите во Атина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да го зголеми военото присуство во регионот, а на Анкара и порача да ја прекине својата истражувачка мисија.

На барање на ЕУ, денес, Ердоган телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел каде ги соопшти неговите ставови.

Во текот на разговорот, турскиот претседател ја повторил својата посветеност во одбрана на правата на неговата држава.

Двете соседни земји соопштија дека сакаат да го решат настанатиот спор за меѓусебните поморски барања, но не по секоја цена.

Заштитата на нивните државни интереси ќе биде главен приоритет во потенцијалните идни разговори, пренесоа двете страни.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел