Ердоган планира да организира молитва во „Света Софија“

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган планира да организира молитва во „Света Софија“ во Истанбул, на која ќе присуствуваат и лидери на други исламски држави, објави весникот „Радикал“.

Весникот посочува дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) планира да организира специјална молитва во „Света Софија“ пред претседателските избори, што се закажани за во август.

Молитвата е дел од поголемиот пакет реформи кои содржат важни чекори за низа деликатни прашања, како отворање на грчката духовна семинарија на островот Хејбели, како и озаконување на „куќите за молитва“ на алевитите, како официјални места за богослужба.

– Молитвата во „Света Софија“ може да биде организирана како дел од еднонеделните церемонии за одбележување на освојување на Истанбул од страна на Османлиите кон крајот на мај, пишува „Радикал“, додавајќи дека Владата се плаши од реакциите што ќе ги предизвика молитвата.

Во ноември минатата година турскиот вицепремиер Булент Аранч изјави дека сега кога „Света Софија“ е музеј може да биде претворена во џамија. Изјавата беше остро осудена од Грција, која оцени дека тоа е „повреда на религиозната чувствителност на милиони христијани“.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 годима и по освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите во 1453 година е претворена во џамија. Во 1935 година по наредба на основачот на Турција, Кемал Ататурк таа станува музеј.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он