Ердоган откри детали од планот за помош курдските сили во Кобане

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган обелодени детали од планот за поддршка на курдските борци во Кобане, сириски град кој со недели е опколен од џихадистите, преку испраќањето дополнителни сили, пренесе турската телевизија НТВ.

Ердоган зборуваше на прес-конференција во Талин, каде претходно разговараше со својот естонски колега Томас Хендрик Илвес.

Турскиот претседател посочи дека бројот на борците на силите на ирачките кирди, Пешмерга, кои од северен Ирак ќе заминат за Кобане за да се борат на страната на своите собраќа, бил намален од 200 на 150 лица.

– Истовремено, сириската курдска партија Демократска унија се согласи 1.300 припадници на Слободната сириска армија да преминат во Кобане, рече Ердоган.

Демократската унија го контролира Кобане, а нејзините борци се борат против групата Исламска држава со поддршката на воздушните напади на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД.

– Оваа партија соопшти дека се согласила да прифати 1.300 припадници на Слободната сириска армија и нашите екипи сега преговараат за тоа каква треба да биде маршрутата за нивното преминување, изјави Ердоган на прес-конференцијата.

Тој потенцира дека Турција нема резерви во однос на преминувањето на силите на Слободната сириска армија и на тоа гледа позитивно.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски