Ердоган: Околу 1.800 џихадисти и курдски борци убиени од почетокот на операцијата „Еуфратски штит“

Од:

Околу 1.800 припадници на групата Исламска држава (ИД) и борци на силите на сириските Курди се убиени во рамки на турската воена операција во Сирија, „Еуфратски штит“, која почна во август, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турција пред четири месеци ја почна операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија, која има за цел да ги прочисти регионот на границата од борци на ИД и на групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот.

Турскиот претседател исто така ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад за кршење на договорот за примирје во Алепо, но изјави дека Турција се уште вложува напори за да создаде коридор за евакуирање на луѓето од сирискиот град.

Ердоган посочи дека подоцна телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Алепо, која ја оцени како „мошне кревка“.

Турскиот претседател додаде дека се извршени подготовки за да се овозможи евакуираните луѓе од Алепо да пристигнат во Идлиб и во Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски