Ердоган нeгира дека Турција поддржува екстремистички групи во Сирија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги демантираше тврдењата дека Турција поддржува исламски екстремистички групи во Сирија, критикувајќи ги информациите во медиумите дека Анкара ги затвора очите пред регрутирањето џихадисти на нејзина територија.

Американските весници „Њујорк тајмс“ и „Њузвик“ објавија написи во кои се тврди дека Исламската држава (ИД) може да смета на редовен прилив од регрутирани борци, кои доаѓаат од Турција.

– Турција е против секаков тероризам и терористички организации. Никогаш не сме го прифатиле терминот „исламистички тероризам“ и никогаш нема да го прифатиме. Многу е лошо Турција да се опишува како држава која поддржува тероризам, истакна Ердоган.

Аналитичарите сметаат дека стотици Турци се борат заедно со припадниците на ИД во Ирак и Сирија, оценувајќи дека групата има тајна логистичка мрежа, која дејствува во Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски