Ердоган негира дека има несогласувања со претседателот Ѓул

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги отфрли тврдењата дека има несогласување со претседателот Абдула Ѓул, за тоа кој од нив да биде кандидат на претседателските избори во август, пренесува „Ворлд булитин“.

Ердоган во Анкара изјави дека тој и Ѓул „се посветени на исти идеали со години“ и дека заедно ќе решат кој ќе биде  претседателски кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Ѓул и Еродган се коосновачи на АКП.

Турските медиуми објавија дека Еродагн и Ѓул водат преговори за можна размена на функциите. Турскиот претседател сепак ги отфрли ваквите гласини, изјавувајќи дека моделот „Путин-Медведев“ не е погоден за Турција.

Ова е трет премиерски мандат на Ердоган и според правилата на неговата партија тој не може да биде премиер по четврти пат.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он