Ердоган најави воведување часови по отомански јазик во школите

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе препорача воведување отомански турски јазик кој бил во употреба за време на Отоманското царство, како обврзен предмет во средните училишта.

Потегот наиде на остри критики на приврзаниците на секуларизмот кои тврдат дека Ердоган се повеќе го исламизира општеството.

Турскиот Национален совет за образование кој воглавно е составен од луѓе блиски на партијата на Ердоган, гласаа изминатиот викенд за воведување обврзни часови по отомански јазик во верските средни училишта, додека во другите средни школи тие часови би биле изборни.

Ердоган рече дека часовите по отомански турски јазик се потребни за повторно укинување на врските со „корените“.

Основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк во 1928 година го укинал отоманскиот јазик и го заменил арапското писмо со латиница, а јазикот бил „исчистен“ од многу арапски, персиски и грчки зборови за да се создаде „чист“ турски јазик. Критичарите на Ердоган истакнуваат дека најавата за воведување отомански како обврзен предмет во школите е уште еден обид да се поништат секуларните реформи на Ататурк.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски