Ердоган најави пресметка со луѓето од својата партија

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска најави пресметка со противниците во својата Партија на правдата и развојот (АКП).

Неговата најава уследи неколку недели по поразот на АКП на локалните избори.

– Додека ние се бориме со надворешните противници, морам да кажам дека има луѓе во партијата кои работат на наша штета, посочи Ердоган.

Тој додаде дека ќе ги повика на одговорност поради иднината на партијата, но не наведе што ќе преземе. Турската Врховна изборна комисија претходно делумно ја отфрли жалбата на Ердоган што се однесува на илјадниците гласачки ливчиња за кои АКП тврди дека не се прифатени поради претходните владини уредби.

Комисијата се уште нема донесено одлука и за поништување на изборите во Истанбул поради неправилности во текот на гласањето. По 17 дена приговори и повторно пребројување, кандидатот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Екрем Имамоглу стапи на должноста градоначалник на Истанбул.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски