Ердоган на претседателските избори ја очекува и поддршката и од приврзаниците на опозициските партии

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој на претстојните претседателски избори е кандидат на владеачката Партија на правдата и развојот, на изборите ја очекува и поддршката од поддржувачите на опозициските партии.

Ова денеска Ердоган им го изјави на пратениците од неговата партија, пренесе ИТАР-ТАСС.

-Другите предложени кандидати ги разочараа избирачите. Сигурни сме дека ќе ја добиеме поддршката од поддржувачите на Републиканската-народна партија, Партијата на националистичката акција и од другите, рече Ердоган.

Тој ја критикуваше Републиканско-народната партија, посочувајќи дека партијата минува низ својот најлош период.

Ердоган соопшти дека во случај на победа на изборите во август неговата партија и самиот тој ќе ја продолжат борбата против таканаречената „паралелна држава“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.

-И премиерот, кој ќе дојде по мене, исто така ќе се бори со оваа паралелна структура, рече Ердоган.

Исто така, Ердоган вети дека активно ќе продолжи да работи на процесот за мирно надминување на курдскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски