Ердоган: Медиумите се соучесник во убиството на истанбулскиот обвинител

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска остро ги искритикува новинарите и турските медиуми ги обвини за соучесништво во минатонеделното убиство на обвинителот во Истанбул.

Турската Влада бурно изреагира на објавувањето фотографии на кои обвинителот Мехмет Селим Кираз, кого како заложник го држеше една левичарска група, беше прикажан со пиштол на главата, и затоа привремено го блокира пристапот до Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб.

Ердоган, кој во повеќе наврати беше критикуван заради загрозување на слободата на медиумите во текот на неговото долгогодишно владеење со Турција, исто така, обвини некои новинари дека се „убијци и крадци“, пренесува МИА.

– Новинарските здруженија кои ги отворија своите страници и екрани за терористичката пропаганда се соучесници во убиството на нашиот обвинител, изјави Ердоган во своето редовно неделно обраќање до претставниците на окрузите во Турција од претседателската палата во Анкара.

Ердоган порача дека жестоко ги осудува медиумите „кои се на страната на терористите“.

-Во западните земји, кои се сметаат за колевка на демократијата, ваквата ситуација никогаше нема да се случи, истакна Ердоган.

„Во тие земји медиумските институции, кои станале орудие на пропагандата на тероризмот и терористите, би биле предмет на формална забрана“, додаде турскиот претседател.

Ердоган изјави дека некои од луѓето кои се претставуваат за новинари, всушност се „терористи“.

-Тие се убијци на полицајци, тие се крадци (кои крадат) од банкомати. Тие убивале војници и тие фрлале бомби, наведе Ердоган.

Додека западните групи за човекови права ја обвинуваат Турција за затворање на новинарите „овие луѓе всушност се терористи“, рече Ердоган.

Според податоците на Меѓународниот комитет за заштита на новинарите, Турција во 2012 и 2013 година се најде на врвот на листата од држави кои затвораат новинари, додека во 2014 година состојбата за малку се подобри, а оваа држава го зазеде 10 место, наведуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски