Ердоган: Ќе го кренам целиот свет, израелскиот терор мора да запре

Од:

Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, го зацврстил ставот дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и ќе застане покрај нив, соопшти кабинетот на Ердоган.

За време на разговорите со палестинските власти, Ердоган остро ги осудил израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим, предупредувајќи дека станува збор за тероризам, пренесе агенцијата Анадолија.

„Ги осудив овие подмолни напади што ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме сè за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, за да престане теророт и окупацијата”, напиша Ердоган на Телеграм по разговорите, објави „Дејли Сабах“.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран