Ердоган го одложи градењето на трговскиот центар

Од:

Демонстрантите ја постигнаа целта откако турската влада им вети на демонстрантите дека ќе го одложи реновирањето на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

Турскиот премиер Ердоган одржа состанок со претставници на демонстрантите само неколку часа подоцна откако изјави дека го губи стрпението и го предупреди насобраниот народ да го напушти паркот Гези.

Ердоган вети дека ќе ја запре изградбата на трговски центар во паркот Гези додека судот не донесе одлука за неговата легалност или евентуалниот референдум по ова прашање.

Се’ уште не е познато дали одлуката ќе влијае на илјадниците демонстранти кои кампуваат во паркот Гези ќе го прекинат протестот или власта ќе испрати полиција да ги растера.

Демонстрантите соопштија дека конечната одлука ќе ја објават откако ќе ги разгледаат заклучоците кои произлегоа од синоќешниот состанок со Ердоган.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски