Ердоган го обвини Израел за „тероризам“ поради нападите врз верници во џамијата Ал-Акса

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со палестинскиот лидер Махмуд Абас и со еден од лидерите на Хамас, Исмаил Ханија, во врска со израелските напади врз Палестинци и џамијата Ал Акса.

Ердоган остро ги осудил нападите и прогонот на Палестинците, додавајќи дека Турција ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да ги запре израелските акции.

– Анкара ќе продолжи да ја поддржува палестинската кауза, ќе застане заедно со своите палестински браќа и ќе ја брани честа на Ерусалим, истакна турскиот претседател во осудата на нападите врз верниците.

Изјавата на турскиот претседател, инаку, доаѓа само една недела откако и неговата полиција насила разбиваше група верници во џамија во турскиот град Газиантеп, поради непочитување на забраната за собири и заштитните мерки против ширењето на коронавирусот. Во полициската акција беше употребен солзавец и беа уапсени десетици членови на Фондацијата Фуркан.

Најмалку 305 лица се повредени кога израелската полиција упадна во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим.

Џамијата Ал-Акса е трето најсвето место во светот за муслиманите. Евреите оваа област ја нарекуваат „Планина на храмот“, тврдејќи дека во античко време тука се наоѓале два еврејски храма.

Израел го анексираше Источен Ерусалим, каде се наоѓа Ал-Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година, а во 1980 година целиот град стана дел од Израелската држава.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран