Ердоган: Германската резолуција за Ерманците нема никакво значење

Од:

Резолуцијата на германскиот Бунедестаг со која масовните убиства на Ерменците во Отманската Империја во текот на Првата светска војна се прогласени за геноцид, според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „нема никакво значење“ и нема да го промени ставот на Анкара во врска со ова прашање.

– Се прашувам како германските официјални претставници ќе можат да ги погледнат турските колеги во очи по таквото гласање во германскиот Бундестаг во четвртокот, изјави денеска Ердоган.
По усвојувањетоп на Резолуцијата во Бундестагот, Турција веднаш го повлече својот амбасадор од Берлин и се закани со „дополнителни последици“.

Ердоган меѓутоа денеска изјави дека засега е „прерано да се зборува за економски мерки против Германија“, додавајќи дека спорот меѓу Анкара и Берлин не треба да влијае врз односите меѓу Турција и ЕУ.

– За Турција не би било добро да реагира поттикната од омраза. Одлуката што ја донесе германскиот Парламент нема никакво значење, потенцира Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека сепак е разочаран од однесувањето на германската канцеларка Ангела Меркел, која не преисуствуваше на седницата на Бундестагот на која беше усвоена Резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски