Ердоган: ЕУ се обидува да не присили да се повлечеме

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави можност за одржување референдум за тоа дали Турција треба да се придружи кон Европската унија.

– ЕУ се обидува да не присили да се повлечеме од процесот на придружување. Ако не не сакат, треба тоа јасно да го кажат, тие се оние кои треба да ја донесат одлуката, изјави Ердоган за „Хуриет“.

Тој наведе дека трпението на Турција не е бесконечно.

– Ако биде потребно, подоцна ние можеме да ги консултираме и нашите луѓе, истакна Ердоган, алудирајќи на референдумот одржан во Велика Британија, кога беше изгласан излез од Унијата.

Турција сака да пристапи кон ЕУ од 60-те години на минатиот век, а официјалните преговори ги почна во 2005 година.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски