Ердоган: Ерменците се користат како средство за уцена против Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека обвиненијата дека Отоманското царство извршило геноцид на Ерменците во Првата Светска Војна се користат како средство за уцена против Турција.

Ердоган тврди дека Анкара никогаш нема да прифати дека станувало збор за геноцид.

– Овде не станува збор за Ерменците…Ерменското прашање се користи како средство за уцена против Турција. нашиот став кон ерменското прашање од почетокот е јасен: Ние никогаш нема да ги профатиме обвиненијата за геноцид, рече Ердоган во телевизиското обраќање, реагирајќи на одлуката на германскиот Парламент кој во четвртокот едногласно усвои Резолуција со која турскиот масакр над Ерменците се оквалификува како геноцид.

Резолуцијата „Сеќавање на геноцидот на Ерменците и другите христијански народи 1915. и 1916 година“, усвоена е со поддршка на сите партии во Парламентот. за време на гласањето само еден пратеник беше против и еден воздржан.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски