Ердоган доби дозвола да присуствува на процесот против 29 корисници на Твитер

Од:

Суд му дозволи на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган да присуствува на процесот против 29 корисници на Твитер, на кои им се суди за поттикнување на противзаконско однесување и навреда на премиерот за време на протестите за истанбулскиот парк Гези, објави сајтот на англиски јазик „Ворлд булетин“.

Судот во Измир го прифатил барањето на премиерот да присуствува на судскиот претрес против 29-те твитерџии.

Процесот против осомничените, кои се притвор од 5 јуни минатата година, почна вчера во Измир во западна Турција.

На Ердоган, меѓутоа, му е отфрлено барањето да даде изјава пред Судот, откако адвокатите на обвинетите изјавија дека тој не е лично инволвиран во случајот. Ердоган официјално во судскиот процес е пријавен како „нападната страна“.

Обвинителите побараа обвинетите да бидат осудени на три години затвор за „поттикнување на луѓето кон противзаконско однесување“, пред се, со нивните пораки на Твитер за време на безредијата.

Судењето го следат голем број странски новинари и набљудувачи. Следниот претрес во предметот се закажан за 14 јули.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски