Ердоган до германските пратеници со турско потекло: Имате нечиста крв

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини германските пратеници со турско потекло дека имаат нечиста крв“ бидејќи ја поддржаа резолуцијата со која масакрот на отоманските сии над Ерменците во 1915 година се оквалификува како геноцид.

Резолуцијата ја поддржаа 11 германски пратеници со турско потекло, предводени од потпретседателот на Зелените Џем Ездeмир.

– Дали понeкогаш се појавуваат луѓе кои имаат нечиста крв? Секако да. Но нашата нација им ја дава лекцијата која ја заслужиле, изјави синоќа Ердоган. Тој додаде дека таквите луѓе ги прифаќаат и терористите и нивните приврзаници, мислејќи на Курдската работничка партија.

– Понекогаш тоа се членови на Парламентот на Германија кои ја обвинуваат сопствената земја за геноцид, нагласи Ердоган.

Тој појасни дека во турската култура кога за некого ќе се каже дека има „нечиста крв“ тоа се однесува на неговиот карактер.

Претседателот на германскиот Парлемент Норберт Ламерт денеска ги осуди заканите  за германските пратеници со турско потекло.

– Секое лице кое се обидува да изврши притисок врз поединец така што се заканува на пратеник, мора да знае дека го нападнал целиот Парламент, изјави Ламерт кој со овие зборови, проследени со бурен аплауз, ја отврои денешната седница на Парламентот. 

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски